Ромите и ИТ професиите

Креирање на регистар на сите заинтереирани роми
за остручување од областа на информатичката технологија

Опис на проектот

Медина Мустафа Медина Мустафа Координатор на проектот РомаЕЦ е граѓанско здружение чија мисија е поттикнување на желбата за нови знаења и проширување на видиците кај граѓаните. Нашата визија е издигнување на повисоко ниво на размислувања и толкување на секој граѓанин, додека пак, нашата цел е доближување на знаењето, пред се неформалното, до граѓаните од сите социјални нивоа.

Елвис Хајдар Проектен тим
Медина Мустафа - Координатор на проектот
Лоренса Сулејман - Волонтерка
Адалет Мустафа - Волондерка
Проектот „Ромите и ИТ професиите“ се спроведува благодарејќи на донацијата од Антон Софт.
Целта на проектот „Ромите и ИТ професиите“ е да создаде дата база која ќе ја прикаже заинтерсираноста на засегнатите страни, во овој случај основците, средношколците, студентите и возрасните Роми. РомаЕЦ оваа цел планира да ја оствари преку организирање на курсеви, обуки, семинари и други едукативни активности од областа на неформалното образование. Истите активности ќе се одвиваат во соработка со ЕДУКА од Антон Софт.

Елвис Хајдар Елвис Хајдар
Сопственик на Антон Софт
Како сопственик на првата Ромска ИТ компанија, се чувствувам повикан да дадам допринос во полето на ИТ едукацијата за ромскиот народ. Воедно сакам да истакнам дека пред два месеци започна да функционира Едукативниот центар - ЕДУКА, кој е составен дел од Антон Софт. И како примарна цел е едукацијата од полето на информатичката технологија.

Токму тука се сретнуваат заедничките цели помеѓу Антон Софт и Здружението РомаЕЦ, и затоа со големо срце решив да донирам во таков проект кој ќе создаде регистар на заинтересирани Роми кои сакаат да се едуцираат од областа на информатичката технологија.
Во вториот дел од проектот, Антон Софт повторно ќе донира, овој пат во вид на вредносни ваучери од курсевите кои се одвиваат во ЕДУКА, и тоа 10 ваучери во висина од 100% покривање на висината на курс во ЕДУКА и 30 ваучери во висина од 50%. Со овој чекор, силно сум убеден дека ќе придонесам за заедницата.


Онлајн Прашалници

Доколку сакате да бидете дел од овој проект, регистрирајте се во дата базата со пополнување на соодветниот прашалник од категоријата во која припаѓате.